Дарен Бент пристигнува во Ливерпул

Ливерпул во јануарскиот преоден трансфер-период ќе го доведе на позајмица напаѓачот од Астон Вила, Дарен Бент.

Дарен Бент не е во прв план кај Пол Ламберт во тимот на Астон Вила.

Иако се опорави од повредата, Дарен Бент многу ретко добива шанса да заигра за тимот на Астон Вила, бидејќи новиот тренер Пол Ламберт преферира други опции и се стекнува мислење дека Бентеке е незаменлив во нападот на овој тим.

Брендон Роџерс, тренерот на Ливерпул, изјави дека му е неопходен напаѓач кој би бил во тандем со Суарез и смета дека доведувањето на Бент во овој тим би бил навистина добар потег.

Пронајдете не на следниве мрежи: