Милијардер излезе во јавноста со планови за колонизација на Марс

Елон Маск, милијардер, основач на фимата SpaceX и коосновач на фирмите Tesla Motors и PayPal ги откри своите планови за колонизација на планетата Марс. Имено, според Елон, за дваесетниа години, околу 80.000 луѓе би требало да се населат на Марс, а тој тоа ќе им го наплати по 500.000 долари од личност.

 

Планот за населување ќе се развива со мали чекори. Нешто помалку од 10 луѓе би биле првите жители на Црвената планета, а до таму ќе стигнат со летало кое се движи на течен кислорд и метан.

 

“На Марс може да се започне самоодржувачки живот и цивилизација и тоа може да прерасне во нешто навистина големо” – изјави Елон кога ја примаше наградата за неговиот придонес во комерцијализацијата на вселената во Лондон минатата недела на друштвото за аеронаутика за тој крај. Потоа тој изнесе прецизни детали за тоа како ќе се развива овој план и ја кажа цената од 500.000 долари што луѓето ќе треба да ја платат: “Цената ќе треба да биде доста ниска за да може да си ја дозволат доволен број на луѓе од развиените земји во своите 40 години од животот.”

 

Милијардерот истакна дека ова не значи заминување на одмор, туку луѓето таму би работеле и со себе би понеле доволно опрема за да изградат цела населба за да може да се вселат повеќе “човечки марсовци”.

 

Сепак, стартниот чекор е воопшо да се прати човек на Марс, што Елон очекува да се случи за 15 до 20 години. Веднаш потоа, неговата фирма SpaceX ќе дизајнира летало кое ќе биде спремно и доволно брзо за ваков потфат. 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: