Бенитез: Немам намера да им се извинувам на фановите на Челзи

Loading...

Тренерот на екипата на Челзи, шпанецот Рафа Бенитез изјави дека нема намера да им се извинува на фановите на Челзи за неговите изјави.

Сепак, шпанецот вети дека со добри резултати ќе се обиде да ги придобие челниците на клубот.

Шпанецот на првиот меч водејќи го Челзи беше исвиркан од фановите на Челзи.

Причината за негодувањето на фановите на Челзи е нивното барање за извинување од страна на Бенитез и воедно неговото одбивање да го направи тоа.

Имено, Бенитез додека го предводеше тимот на Ливерпул ги критикуваше навивачите на Челзи.

„Проблемот е во тоа што неможеме да анализираме се што сум кажал или пак се што не сум кажал, премногу е комплицирано да се провери такво нешто но можам да им ветам дека ќе дадам се од себе да клубот бележи успеси под мое водство“ изјави Бенитез.

loading...