Алергична е на модерна технологија – Живее во Фарадеев кафез

Loading...

Во денешниот свет, во кој доминираат мобилните телефони, компјутерите и сите останати можни и неможни електронски уреди, да се биде алергичен на електромагнетно поле би била последната работа која би ја посакале и помислиле, секако доколку посакувате да имате каков таков нормален живот.

 

Меѓутоа, 51 годишната Англичанка Вилма е еден од најголемите примери кои би можеле да ви доловат какво би било таквото искуство кое нималку не наликува на нешто што би ви овозможило нормален живот.

Живеејќи и поминувајќи секојдневно по 18 часа во Фарадеев кафез кој самата го направила, оваа жена е приморана секојдневно да се соочува со нејзиниот најголем и постојан кошмар, притоа при секое излегување носејќи посебен шал кој би ја штител од штетните влијанија на  електромагнетните бранови.

Жената која боледува и страда од реткиот синдром на EHS (Electromagnetic Hypersensitivity Syndrome) раскажува како нејзините проблеми започнале уште од времето на нејзината адолесценција, по слабиот струден удар кој го доживеала во домашниот тоалет.

Со секојдневното приближување на електронските уреди оваа 51 годишна жена доживува огромни главоболки, треперење на нервите, губење на меморијата, ужасни болки налик на ѕвонење во ушите, аритмија, вртоглавици и неподносливи болки во зглобовите.

Нажалост, во Велика Британија сеуште ја нема таканаречената “бела зона”, место кое е прилагодено за ваквиот тип на луѓе, место каде би немало никаков вид на електромагнетни бранови, само поради непризнавањето на овој синдром како медицинска состојба од страна на Англија, со што животот на оние луѓе кои страдаат од овој синдром е секојдневен кошмар.

Ваквиот тип на медицинска состојба е признаен само во европските земји како Шведска и Шпанија, додека научниците претпоставуваат дека најмалку 50% од светската популација за временски рок од пет години, на одредено ниво, ќе биде погодена од истоименото заболување.

 

Извор: Telegraf

loading...