Златни правила за луд секс

 

Психијатрите нудат седум совети за надминување на овие препреки, а крајниот резултат од нив треба да биде квалитетен и забавен сексуален живот…

Не се откажувајте од она што ви е потребно- Жените се плашат од одбивање и посакуваат да ги задоволат мажите, поради тоа лесно се откажуваат од нивните потреби. Вистина е дека во секоја врска се подразбираат одредени компромиси, но одрекувањето од она што ви е навистина важно не води кон квалитетна врска, туку кон незадоволство.

Зборувајте за своите чувства со партнерот- Ако немате храброст да му кажете што сакате во кревет, прекинете ја врската. За добар секс потребени се сигурност и доверба. Кога ќе расчистите со себеси што сакате, бидете подготвени тоа да му го кажете на партнерот. Здрав секс ќе имате само ако имате здрава комуникација, а од партнерот не може да очекувате да ви ги чита мислите.

Прифатете го своето тело- Задоволство ќе имате само ако го прифатите своето тело. Постојаната грижа за борите, целулитот и килограмите го убива расположението. Престенете да се осудувате себеси за несовршенството на вашето тело, а ако вашиот партнер ви зборува за тоа, тоа е знак за неговата површност и несигурност.

Не користете го сексот како награда или казна- Мажите не сакаат да бидат контролирани или казнети, посебно не кога станува збор за сексот. Ако имате проблеми со партнерот, решете ги на зрел начин. Не смеете во никој случај вие да одлучувате кога заслужил секс, а кога не. Од друга страна, ако сексот го користите како награда, вашиот партнер со тек на време ќе почне да ве третира како предмет.

Не ги чувајте домашните миленици во спалната соба- Колку и да ги сакате своите миленици, на нив не им е местото во спалната соба. Тие ја бранат својата територија и можат да станат љубоморни. Кучето може да почне да лае или пак да ржи, мачката може да скокне на кревет. Вакви незгодни ситуации можат да се избегнат со затварање на вратата од спалната соба.

Имајте смисла за хумор- Иако сексот е чин на интимност, истовремено треба да биде и забавен. Способноста да се насмеете на своја сметка може да ја намали напнатоста за време на лошите искуства, а хуморот е одличен начин да се поврзат луѓето.

Уживајте- Најдобар секс ќе имате кога со партнерот подеднакво ќе се трудите да се задоволите еден со друг. Техниката не го прави добриот љубовник, туку вниманието и напорот да се усреќи партнерот.

Пронајдете не на следниве мрежи: