10 места во Европа опседнати со духови

Loading...

Дали некогаш сте се нашле на место од кое ве лазат морници и се тресете од страв без некоја посебна причина? Некои велат дека овие чувства се појавуваат кога во ваше присуство има духови. Доколку навистина се плашите од духови, ви препорачуваме да се држите на страна од наредните 10 места кои ќе ги наведеме во нашиот список на опседнати места. Нека започне опседнувањето …

Borley Rectory – разрушената градба која ја гледате на оваа слика не е место каде што се влегува со леснотија. Иако Borley е само мало село во Обединетото Кралство, и не дава впечаток на место опседнато од духови, има ужасно лоша репутација токму поради тоа што овде се наоѓа Borley Rectory, најопседнатото место во Англија.

Изградено е во 1863 година за Пречесниот Henry Bull, врз старите темели на стар манастир. Чести се изјавите на луѓе дека виделе дух од калуѓерка од стариот манастир како шета низ местото. Старата приказна вели дека таа се заљубила во свештеник од манастирот, и тие пробале да побегнат заедно, но брзо биле фатени. Свештеникот бил погубен, а се вели дека калуѓерката била затворена во визбите на манастирот до самата нејзина смрт.

Stanley Hotel– Има безброј приказни за духови кои кружат низ целиот свет, но само некои можат да се издвојат како најстрашни. Некои од вас сигурно го гледале филмот The Shining според романот на Stephen King. Книгата е инсипирирана токму од престој во Stanley во Estes Park, во Colorado, САД. King тврди дека додека престојувал во собата број 217, слушал духови од мали деца кои си играле во ходниците на хотелот. Многу луѓе пријавиле паранормална активност овде, но овие духови до сега не наштетиле никому. Гостите и вработените велат дека понекогаш бледо слушаат музика од големата сала, некои дури и велат дека ги виделе дирките на клавирот како сами се движат.

Tower of London – Ова е слика од еден од најпознатите духови кои ја опседнуваат Кулата во London; една од жените на Henry VIII, која била обезглавена во кулата во 1536 година. Нејзиниот дух е виден во многу прилики, некои велат дека виделе како нејзиното обезглавено тело ја носи главата во раце шетајќи се околу кулата.

Други духови за кои се вели дека се видени овде се духот на Henry VI, Thomas Becket и Sir Walter Raleigh. Една од најстрашните приказни поврзани со ова место е приказната за Грофицата од Salisbury. Приказната вели дека грофицата била осудена на смрт во 1541 година, поради некакво криминално дело, иако денес се верува дека таа всушност била невина. Можеби најстрашниот дел од приказната е тоа што луѓето денес велат дека често гледаат како духовите го изведуваат погубувањето на грофицата. 

Woodchester Mansion – се наоѓа во Gloucestershire, Англија. Овој објект никогаш не бил дограден, и во последните 200 години работниците постојано бегаат од работата на оваа градба, бидејќи се вели дека 7 работници имаат загинато во минатото, а причините за смртта никогаш никој не успеал да ги објасни. Често се слушаат чудни звуци, како на пример бледи гласови или удари од чекан. 

Париските Катакомби – Се работи за лавиринт од тунели и гробници кои се наоѓаат под градот, каде што се сместувале коските од мртвите за период кој траел околу 30 години. Пред да се изградат катакомбите некаде во средината на XVIII век, мртвите биле закопувани на гробишта, но со текот на времето веќе немало простор за нови гробни места, и градот нашол вакво решение. Коските од старите гробни места навечер биле пренесувани во катакомбите во придружба на свештеници. Денес во овие катакомби се наоѓаат коски на околу 6-7 милиони поранешни жители на Париз.

The Skirrid Inn – Повторно во Англија, планинската гостилница Skirrid се наоѓа во местото Llanfihangel во Велс. Според народните приказни, во 900-годишната историја, преку 180 луѓе биле обесени. Се вели дека првиот кат од гостилницата некогаш бил судница.

Често се случува да прелета чаша низ собите без никој да ја фрли, се појавуваат ликови на прозорците и луѓето понекогаш чувствуваат притисок околу вратот додека се шетаат низ ходниците. Гостите кои престојувале овде често пријавувале дека кога се буделе во собите било премногу ладно.

Rose Hall – Можеби не мислите дека Јамајка е место кадешто би се наоѓал имот опседнат од духови, но не сте знаеле за Rose Hall во Montego Bay. Оваа огромна куќа е опседната од духот на ќерката на вуду-свештеничка, Annie Palmer, за која се вели дека предизвикува појавување на дамки од крв. Таа била убиена во својот кревет после нејзиното 11-годишно владеење, симболизирано со смрт, измачување и нимфоманија.

Annie има убиено тројца сопрузи и десетици љубовници од редот на нејзините робови, труејќи ги, давејќи ги и сл. Според легендата, освен духот на Annie, во куќата има и духови на децата на робовите кои таа ги жртвувала при ритуали. Ова дефинитивно не е пријатно место за преноќување.

Bell Farm – ова е единственото место во светот за коешто заедницата на луѓе кои се бават со паранормална активност се согласиле дека дух има предизвикано смрт на човек. Во периодот од 1817 до 1821, женско присуство го тероризирало семејството Bell. Таа била позната како Вештерката на Bell, или едноставно Kate. Нејзината тортура врз John Bell била толку неподнослива, што довела до негова смрт. Велат дека John Bell пател од болест на нервниот систем, а нејзиното присуство ја влошило неговата состојба. Покрај креветот на John била најдена мала епрувета со непозната црна течност. Кога експертите за паранормална активност “разговарале” со Kate, таа рекла дека таа му ја дала течноста на John. За да испитаат дали течноста е средството со кое е убиен човекот, експертите ја испробале течноста на мачката на семејството, која веднаш била усмртена.

Edinburgh Castle – Edinburgh е познат како најопседниот град во цела Европа. На многу наврати гостите во замокот пријавиле средби со француски затвореници од седумгодишната војна, колонијални затвореници од Американската Револуционерна Војна, дури и духот на куче на гробиштата за миленичиња во дворот на замокот.

Bhangarh – Луѓето во Индија знаат се за духови. Властите ги предупредуваат посетителите да не влегуваат во разурнатиот град после самрак. Се вели дека извесен магепсник го опседнал местото откако бил одбиен од извесна принцеза. Овој град бил разурнат од армија освојувачи во XVII-тиот век, при што само храмовите останале недопрени. Посетителите велат дека птиците замолчуваат навечер кога магепсникот е присутен, никој всушност никогаш не се осмелил да преноќи таму.

Без разлика дали верувате или не во духови, тешко е да се одрече дека овие места шират некакви негативни чувства кои ве тераат да ги напуштите што е можно побрзо. Бујна фантазија или потсвесно предупредување?

Вие пресудете.

 

 

loading...