Се жртвувала себе си за да ја спаси својата ќерка од нарко-картел

Loading...

Носејќи ја својата ќерка кон училиштето градоначалничката на мексиканскиот град Tiquicheo, Maria Santos Gorrostieta (36) била пресретната и напданата од група на припадници на нарко-картел со кои неуморната претставничка на градот водела континуирана борба во текот на изминатите неколку години.

Молејќи да ја поштедат нејзината ќерка, без противење 36 годишната Maria се согласила да влезе во возилото на припадниците од тамошната мафија, притоа жртвуваќи се себе си за животот на својата ќеркичка.

Телото на Maria Santos Gorrostieta осум дена подоцна е пронајдено покрај еден од тамошните автопати, со врзани раце и нозе со жица, со траги од брутално тепање, мачење со употреба на оган, како и повреди настанати од ладно оружје.

Градочалничката на малиот град се осудила да им се спротистави на моќните мексикански картели кои се занимаваат со правењето и препродавањето дрога, со што пред својот трагичен крај и повеќе од два пати веќе била мета на неуспешни атентати.

Позади себе покрај ќеркичката на која и го спаси животот храбрата жена која претставува хероина на 21 век во Мексико, ги остави и својот сопруг како и уште две малолетни дечиња.

Во 2008 година Maria Santos Gorrostieta беше избрана за градоначалник на градот Tiquicheo, област која се наоѓа во западниот дел на Мексико, а веќе во следната година (2009) , во октомври месец беше и мета на неуспешен атентат, со отварање на оган врз нејзиниот автомобил, напад при кој животот го изгуби нејзиниот прв сопруг.

Вториот обид за атентат е три месеци подоцна со 30 куршуми насочени кон нејзиниот автомобил, напад при кој Maria Santos се здобива со три куршуми во своето тело, но и покрај се продолжува со својата неуморна борба против најозогласените криминалци во Мексико, па и пошироко.

 

Извор: Telegraf.rs

loading...