Бред Пит: Наскоро ќе има венчавка

По долготрајните шпекулации во светските медиуми, Бред Пит конечно ја потврди својата венчаква со преубавата Анџелина Џоли, притоа додавајќи дека е крајно изненаден од фактот што како што се повеќе старее, така е и се поголемо вниманието кое се предизвикува со неговата конечна венчавка.

Холивудскиот пар во април оваа година ја објави својата веридба, пришто холивудскиот актер долго време ги криеше деталите за кога конечно би се венчал со својата понежна половина.

Но, сепак за време на премиерата на најновото филмско остварување од страна на Бред Пит “Killing Them Softly”, во Њујорк, актерот не го криеше своето задоволство и расположение на отворените прашања од страна на медиумите во врска со тамошните планови за долгоочекуваната венчавка на еден од најактуелните холивудски парови во изминатите неколку години.

Покрај изјавата дека неговата старост е вистинско изненадување за се поголемото внимание околку чинот на неговото венчање со Анџелина, актерот додаде дека и покрај се една од најголемите причини за неговата одлука се и неговите деца кои со секој изминат ден се дел од се поголемиот притисок за конечната завршница на приказната за конечното венчање на холивудската Бранџелина.

 

Извор: BLIC Online

Пронајдете не на следниве мрежи: