Најсекси мајки во Холивуд

 

И покрај сите нови мајки кои се појавија во Холивуд, која од која поубава и позгодна, сепак Шерон Стоун и Памела Андерсон се избрани како најсекси холивудски мајки. Очигледно е дека овие две ветеранки секогаш ќе останат идоли во Холивуд и пример за новодојдените. Двете докажале дека и покрај бројните обврски и пренатрупан распоред можно е да изгледаат одлично и во средовечни години, а тоа изгледа е она што му се допаѓа на жените и мажите. 

 

Оваа ласкава титула на плавушите им ја доделија некои од најголемите интернет дејтинг страници. Памела Андерсон благодарејќи на својот изглед и облини е најсекси мајка по изборот на мажите, а додека најмногу жени гласале за Шерон Стоун. Според мислениците кои гласале за овие дами, најголема причина што гласале за нив било тоа што и покрај мајчинството тие сепак не го запуштиле својот изглед.

 

Можеби тајната на овие жени за својот изглед е тоа што се сами, и единствени мажи во нивниот живот се нивните синови. Памела има два сина, Брендон и Дилан од бракот со Томи Ли, а Шерон го посвоила Роан, Лаирд и Квин. Таа ги смета за свои најголеми успеси, а најсреќна е тоа што обврските околу нив успева да ги реши сама.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: