Дневен хороскоп – 29.11.2012

Loading...

Дневен хороскоп за 29.11.2012 – четврток.

 

Овен

Се наоѓате во конфликтна ситуација со себеси. Немате дилеми и точно знаете што можете да очекувате. На работното место ве очекува затишје и одморот ќе ви дојде добро. Внимавајте на здравјето, ви се закануваат проблеми со бубрезите. Конечно најдовте разбирање со партнерот .

Бик
Се ви изгледа потешко од очекуваното. Можете да очекувате успех поврзан со работата, но морате да одите докрај. Почнете да се занимавате со спорт, тоа ќе му годи на вашето срце. Расправиите со партнерот се неизбежни, затоа мора да воспоставите пријателски односи .

Близнаци
Само ако бидете тактични, ќе успеете да го избегнете незадоволството. За вас нема зима, бидејќи ако не ви успее една работа, друга сигурно ве чека. Можете да очекувате финансиска добивка. Се наоѓате во криза и имате лош крвен притисок како резултат на променливото време. 

Рак 
Постојано сте во афект. Доколку сте на одмор, размислете за тоа да отпатувате некаде. Ситуацијата поврзана со работата не зависи само од вас. Имате психички проблеми за кои не сте свесни. На повидок е страсна врска. Бидејќи се' се сведува на фантазија, пожелно е да се задоволите со самотијата и со она што го имате. 

Лав
Се жртвувате за околината и затоа тешко се снаоѓате со проблемите. Иако ова не е работна сезона, тоа не ви пречи да работите. Потребно е помалку да зборувате за работните активности за да ја избегнете конкуренцијата. И покрај големиот замор, добро се чувствувате, но морате да најдете време за одмор. 

Девица
Желбата за доминација е нагласена. Како и обично, околината може да се потпре на вас. Ве очекува успех на работното место, но не преоптоварувајте ги соработниците. Може да се јават главоболки како последица на температурните разлики. Избегнувајте физички активности. 

Вага
Оваа недела ќе се чувствувате добро, и физички и психички. Уживајте во секој момент. Искористете ги приливот на инспирација и нови идеи, бидејќи се наоѓате на прагот на успехот. Немојте да претерувате со храната и со цигарите – тие само лошо влијаат на вашето здравје. 

Скорпија
Оние што се уметнички ориентирани ќе функционираат одлично. Позитивно влијаете на околината, но посветете и поголемо внимание на работата. Спасот ќе го најдете во уметноста. Психичките проблеми се резултат на негативната енергија што ја имате во себе.

Стрелец
Во расчекор сте со принципите и барањата на околината. Ни самите не знаете како да се однесувате за да ви биде совеста мирна. Перфекционист сте кога станува збор за работата. Здравствената ситуација не е идеална, затоа преземете нешто конкретно во тој поглед. 

Јарец
Во наредните денови нема да се препознаете себеси, бидејќи однесувањето ќе ви биде променливо. Идеите поврзани со работата споделете ги со колегите. Почнете да си го планирате одморот. Можни се хронични болести, па затоа погрижете се за своето здравје. Некој тајно ве набљудува.

Водолија
На многу припадници им здосади осаменоста, па размислуваат за брак. Задоволни сте со она што го имате и не чувствувате потреба да направите промена на работното место. Можни се проблеми со хормоните и жлездите. Доколку сте во брак, партнерот ќе ви стане здодевен. 

Риби
На почеток сте на нов животен циклус. Многумина од вас не се задоволни со она што го работат. Размислете за промена на работното место, за што ќе имате и понуда. Здравјето ви е на завидно ниво, но морате да го промените начинот на однесување.

loading...