Дует на Лејди Гага и Линдзи Лохан

 

Очигледно некои луѓе никогаш нема да научат. По катастрофалните критики што ги доби за својот прв студиски албум во 2004 години, актерката Линдзи лохан повторно планира да се врати на музичката сцена.

 

Но тоа планира да го направи со стил, во добро друштво и на голема врата. За тоа ќе и помогне нејзината нова најдобра пријателка – Лејди Гага. Пријател близок на актерката откри за таблоидот Е! дека Лохан и Гага се спријателиле, станале многу блиски и идејата да направат дует и воопшто да соработуваат на музички план им дошла природно. Лејди Гага пред неколку дена јавно ја пофали Линдзи за изведбата во филмот “Liz & Dick” на својот твитер профил.

 

Гласините за соработката помеѓу двете ѕвезди се уште не е потврдена од страна на нивните менаџери.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: