Се гради реплика на Таџ Махал

Таџ Арабија во Дубаи имаат свој трговски центар, хотел од 5 ѕвезди и секако продавница со венчаници и опрема за венчавки. Во нивниот комплекс наскоро ќе бидат изградени и реплики од пирамидата од Гиза, Ајфеловата кула, Големиот Кинески ѕид и Кривата кула во Пиза.

 

Градежниците во Дубаи планираат да направат масовна реплика на еден од најубавите споменици во светот-споменикот на Таџ Махал.

Оваа реплика ќе се нарекува Таџ Арабија и ќе биде вредна повеќе од милијарда долари, ќе биде 4 пати поголема од оригиналната а главната намена ќе биде за одржување на венчавки.

Оваа идеја е родена од фактот дека Дубаи не е познат како дестинација за венчавки, а Арапјаните сакаат да бидат успешни на секое поле.

Таџ Арабија ќе биде дел од поголем комплекс наречен ''Falcon City of Wonders'', каде ќе бидат сместени реплики од повеќе светски споменици. За многу патници оваа вест ќе биде необична, со оглед на тоа дека Дубаи е насочен кон спротивната грандиозност. Во подготовка е ''Vogue Cafe” во најголемиот трговски центар во градот каде веќе се наоѓа гигантски аквариум. Дубаи е исто така дом на ски центар во затворен простор, како и крузерот “Queen Elizabeth II” кој е претворен во хотел.

Неколку Холивудски продуценти веќе изразија желба да снимаат филмови во Таџ Арабија. Тоа е можеби вистинскиот потег, бидејќи вистинскиот Таџ Махал е веќе пред рушење…

Пронајдете не на следниве мрежи: