Рекла не за брак со роднина па и ја исекле главата

Loading...

 

Авганистанската полиција уапси двајца мажи за кои има докази дека со нож ја исекле главата на 14 годишно девојче во областа Кундуз. Истрагата покажала дека двајцата мажи се решиле на ваков чекор откако ти побарале дозвола од таткото на девојчето за да се оженат со неа, но тој ги одбил.

 

Девојчето било нападнато во поенделникот попладен, кога се враќала дома од изворот каде што полнела вода. Еден од полицајците кој го води случајот изјави за BBC: “Обвинетите сакале да се венчаат со почината. Откако нејзиниот татко ги одби тие ја нападнаа и и ја исекоа главата.” Убиците се блиски роднини на починатото девојче, а таткото не сакал да ја даде нејзината рака бидејќи сметал дека е премлада за да стапи во брак.

 

Инаку, на почетокот на овој месец, 4 полицајци беа осудени на 16 години затвор поради силување на жени во истата област. 

 

 

loading...