Поминал 8.000 километри за да ја најде девојката со која разговарал 2 минути

Што се е подготвен да направи заљубен маж за да ја пронајде жената што ја сака се гледа во примерот на канадскиот забар Санди Крокер. Заљубениот забар тргнал на пат долг 8.000 километри во потрага по црвенокоса девојка од Ирска, која ја видел само еднаш во животот, и тоа на 2 минути. 

Штом ја здогледал минатата година во Енистимон во Ирска, каде што застанал да јаде, знаел дека морал да превземе нешто. Ја замолил да му го покаже патот до Мохер. 

Тогаш помислил дека нема никаков смисол да ја покани да излезат, бидејќи истата вечер тој заминувал, но потоа сфатил дека погрешил и дека понекогаш вреди да се обидеш повторно. Затоа одлучил да тргне во потрага. 

Крокер е во Ирска од минатиот месец, а својата избраничка ќе ја бара уште најмалку еден месец. Ги оставил своите податоци на страниците за туристи, па се надева дека можеби и таа самата ќе му се јави. 

“Ако судбината вели да бидеме заедно, сигурно ќе ја пронајдам.” – убедено вели Крокер. 

Пронајдете не на следниве мрежи: