Откријте дали сте зависни од секс

Размислувате постојано за секс? На работното место, секој што ќе го видите е идеален партнер за вас, а телефонските сметки секој месец се поголеми поради секојдневните јавувања на секс линии? Имате проблем…

 

Зависноста од секс за многумина и за нивните блиски може да биде голем товар бидејќи зависиниците од секс не се луѓе кои често имаат сексуални односи и кои се среќни и ги задоволуваат своите потреби, тоа се луѓе без вистински интимни односи.

Зависноста од секс настанува кога краткотрајно сексуално искуство ќе помогне личноста на кратко да заборави на осаменоста, депресијата и болката. По сексуалните односи, личноста е сигурна во себе, чувствува дека е на врвот на светот и има контрола врз својот живот.

Како и кај секој вид на зависност, после секој секс доаѓа до криза и празнина. Проблемите не исчезнуваат, набрзо се враќаат и се поголеми од претходно. Овој вид на зависност го има кај луѓе кои имаат проблеми со воспоставување доверба и интимни односи.

Поради потребата за секс било каде и било кога често се уништува нивната кариера и односите со семејството.
Самата зависност не е проблематична поради сексуалните односи, проблемот е во чувствата на човекот, колку тоа го подобрува или уништува неговиот живот.

Секој кој има проблем со ваков вид на зависност важно е да побара помош. Луѓето зависни од секс патат и сами не можат да си помогнат.

Пронајдете не на следниве мрежи: