Крај на кариерата на Мајкл Фелпс

Од вчера Мајкл Фелпс официјално е Најдобриот Олимпиец на сите времиња. Но, ова е финишот на неговата кариера!
Синоќа во Лондон му беше доделен трофеј на американскиот пливач, Мајкл Фелпс (27), на кој што изгравирано стои – Најдобриот Олимписки Спортист на Сите Времиња. Фелпс изјави дека се повлекува од пливањето, “постигнав се што сакав, па време е за други нешта!” (Associated Press).

Фелпс е најодликуваниот олимпиец на сите времиња со 22 медали. Тој ги држи светските рекорди за освоени златни медали (18, што е двојно повеќе од следниот на списокот), рекордот за златни медали освоени во одделни спортски настани (11), и олимписки медали во одделни спортски настапи за мажи (13). 

Имено, тој е најуспешниот на три последователни Олимпијади. Освои 8 медали во Атина 2004 (6 златни и 2 бронзени) на 19 годишна возраст. Потоа, на Олимпијадата во Пекинг 2008 година, Фелпс освои 8 златни медали, оборувајќи го рекордот за највеќе први места освоени на било која Олимпијада. На Олимпијадата 2012 во Лондон, Фелпс освои 4 злата и 2 сребра.

Пронајдете не на следниве мрежи: