Германската репрезентативка, девојка на нео-нацист, си отиде од Олимпијадата

 

Надја Дригала, германска олимписка спортистка, 1 од 8те претставнички на германската репрезентација од колективниот спорт веслање, по настапот си отиде од Лондон порано од планираното, причината за тоа е нејзината поврзаност со нео-нацистичка група во Германија.

 

Имено, нејзиното момче е лидер на Rostock National Socialists, група која германските служби ја карактеризираат како нео-нацистичка и расистичка. 

Одговорниот на германскиот комитет на Олимпијадата, Michael Vesper, изјави дека Nadja Drygalla сама го напуштила Олимпиското село за да не биде товар на нивниот тим, пренесува Reuters. Таа била поврзувана и со друг нео-нацист во 2011та година, вели германскиот сервис DW broadcasting. 
Инаку, на оваа Олимпијада Voula Papachristou, грчката репрезентативка атлетичарка беше избркана од нејзиниот национален тим, пред почетокот на Олимпијадата, бидејќи објавила расистички коментар на нејзината Twitter сметка. Слично, и еден фудбалер на Швајцарија беше отстранет од неговиот тим поради коментари за ЈужноКорејскиот тим.

Пронајдете не на следниве мрежи: