Сите девојки на Брегa

Loading...

Сараевскиот музичар, кој со години живее на релација Париз-Белград, Горан Бреговиќ, ни самиот не може да изброи со колку жени бил во врска, или медиумите на тоа го навеле.

 

Некогашниот “мозок” на групата Бијело Дугме, кој богатството и славата ја надогради со обработка на народните песни,  веќе 16 години е во брак со Џенана, но тој на медимите постојано им дава повод да го доведуваат во врски со други жени.

 

Неодамна е снимен на Аеродромот во Париз со 37 години помладата манекенка Констанца Голубовиќ. Дрги пак велат ека Брега е се уште во врска со новосадската водителка Маја Соколовиќ.

Во 2002 година се пишуваше дека е во врска со ТВ водителката Ирина Крушка, потоа ја освои популарната “Зоне”, актерката Катарина Радивоевиќ. Потоа се пишуваше за неговата врска со ТВ водителката Бранка Невестиќ, а по конецртот со Бијело Дугме на Хиподромот, се зборуваше за неговата врска со водителката Маја Соколовиќ.

 

Романските медиуми го врзуваа за атрактивната министерка за туризам на Романија Елена Удреа, која дури и ја обвинија дека поради наколнетоста кон Брега парите за неговиот настап ги платила од државниот буџет.

Се разбира, незибежна беше и приказната за близкоста со Северина, откако Брега и го продуцираше последниот албум.

– Зарем ви личам на некој кој сега по весници би зборувал дали и со кого бил или не бил? И кога другите тоа го откриваат грозно ми е, а камо ли јас тоа да го правам. Јас со таквите работи не се фалам!”, изјавил Брега за честите шпекулации врзани за неговиот статус на Казанова.

 

loading...