Меси, Роналдо и Иниеста во трка за наградата ‘Златна топка’

Светската куќа на фудбалот (ФИФА), соопшти кои тројца фудбалери влегуваат во трката за добивање на престижната награда ‘Златна топка’.

Најдобриот играч за 2012 ќе биде избран помеѓу Лионел Меси, Андрес Иниеста и Кристијано Роналдо, им соопшти на новинарите во Сао Поло првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер.
Аргентинецот Меси, кој досега три пати ја освојувал престижната награда, според многумина и оваа година е фаворит за добивање на признанието. Доколку победи Меси, ќе стане првиот фудбалер во историјата кој четири пати ја освоил наградата.
Меси и актуелниот претседател на УЕФА, Мишел Платини се единствените играчи кои признанието го добиле во три наврати.
Кај дамите, во конкуренција за фудбалерка на годината останаа Бразилката Марта и Американките Алекс Морган и Аби Вамбах.
За наградата тренер на годината во конкуренција останаа Винсенте дел Боске, Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола.
Името на добитникот на наградата ‘Златна топка’ ќе биде соопштено на свечената церемонија, која ќе се одржи на 7.јануари 2013 година во Цирих.

Пронајдете не на следниве мрежи: