Gangnam style е уште еден од доказите за крај на светот?

Loading...

Прилично хумористична, за некои можеби и застрашувачка, приказа која неодамна започна со огромна брзина да се споделува низ виртуелниот свет, притоа наведувајќи се дека Gangnam style е еден од знаците кои го означуваат крајот на светот, верување надворзано со наводната изјава на Нострадамус во која се наведува:

“Едно мирно утро, крајот ќе дојде. Кога коњот ќе ги заврши своите девет танцувачки рунди”.

Оваа апокалиптична приказна се шири низ светот на интернетот со тврдењето и верувањето дека Нострадамус го поминувал своето мирно утро, гледајќи го таканаречениот танц на коњот со девет танцувачки рунди.

Истоименото верување се поистоветува со фактот дека Кореа се смета за земја позната по својот “утрински ми”, раперот Psy го изведува танцот налик на коњ, а прегледите на оваа видео наскоро ќе ја достигнат и бројката на една милијарда со што би ги добиле и 9-те нули.

Многумина пак веруваат дека наведената бројка својата кулминација ќе ја достигне на 21 декември, 2012 година со што би се поклопило со верувањата на Маите за крајот на светот.

Извор: B92.net

loading...