Арсенал ќе го доведе Матри во своите редови

Според пишувањата на англиските медиуми, тимот на Арсенал, во јануарскиот преоден трансфер-период ќе се обиде да го доведе Матри во своите редови.

Матри веќе долго време е во втор план, во прв план во тимот на Јувентус се Вучинич, Квајарела и Џовинко.

Матри беше еден од клучните играчи во минатогодинешната сезона кога Јувентус ја освои титулата во Серија „А“, а тимот на Јуве сезоната ја заврши без ниту еден пораз.

Како што се шпекулира низ англиските медиуми, се вели дека Арсенал сериозно размислува да се засили со овој квалитетен играч. Арсен Венгер веќе го доведе Лукас Подолски и Оливие Жиру, кои не се покажаа како адекватни замени за Робин Ван Перси.

Пронајдете не на следниве мрежи: