Лусио сака да си замине од Јувентус

Бразилскиот дефанзивец од редовите на Јувентус е незадоволен со својот статус во тимот и најави заминување од овој тим во текот на јануарскиот трансфер-период.

Искусниот 34-годишен одбранбен фудбалер во Торино пристигна во летото како слободен играч, но до сега одигра само еден натпреваро во Серија „А“ и два натпревари во Лигата на Шампионите во дресот на Јувентус.

Како што и самиот признава, Лусио не е среќен во Јувентус и сака да си замине од овој тим.

„Не сум среќен бидејќи не играм“

„Последниве неколку месеци ми беше многу тешко поради повредите, и поради фактот што тренерот не смета сериозно на мене. Се надевам дека во јануари ќе одам во средина во која би играл редовно“ изјави незадоволниот Лусио.

Пронајдете не на следниве мрежи: