Седумкратен добитник на лото ги откри своите тајни: Вака треба да ги бирате броевите!

 

Ричард Лустиг добил премија на лото неверојатни седум пати и сега одлучи да сподели со јавноста како успеал во ова. Прво кажа дека ако сакате да добиете, треба да се однесувате со лотото како со својата работа, односно да играте цело време, константно, секоја недела.Притоа треба да се држите до својот буџет и да уплатувате онолку пари колку што можете да си дозволите.

 

“Не сакате да се разбудите следното утро и да сфатите дека сте ги потрошиле сите пари на ова.” – изјави Ричард за новинарите при извлекувањето на лото ливчињата во САД оваа среда.

 

Ова се другите совети од овој среќен човек:

– Наместо автоматот да ви ги бира броевите, одберете ги вие самите.

– Направете мало истражување. Дознајте дали вашите броеви биле добитни во минатото и одберете друга комбинација ако веќе биле.

– Изберете 10 комбинации и ротирајте ги секој нареден пат.

– Уплатете онолку среќни ливчиња колку што можете да си дозволите.

 

“Среќата нема ништо со ова. Нема никогаш да поверувам дека сум толку среќен за да добијам дури 7 пати” – изјави тој за Fox4.

Пронајдете не на следниве мрежи: