петок, 27 ноември 2026
Најново

Северина спиеше во кревет на Анџелина Џоли

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

 

Деновиве Северина беше гостинка во Сараево, каде настапи на концертот на Кемал Монтено. Таа отпатува во Босна со својот син Александар и беше сместена во хотелот Европа.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

 

Во истиот хотел, на почетокот на оваа година, Анџелина Џоли и Бред Пит спиееа во претседателскиот апартман додека го промовираа режисерското првенче на Анџелина – Во земјата на крв и мед. Исто како и познатиот холивуски пар, Северина го изнајми претседателскиот апартман за цена од 410 евра од ноќ и спиеше во креветот во кој спиеше и нејзиниот идол Анџелина Џоли. Хрватската пејачка не бараше премногу за време на својот престој, освен можноста да и биде достапен масер 24 часа на ден.

 

Но искрено, не би било логично да бара многу повеќе, бидејки со изнајмување на овој апартман следува џакузи, мини бар, рецепција и собна послуга достапна 24 часа на ден, велнес центар, солариум, базен, сауна и теретана. 

Поврзани вести