Атлетико призна: Фалкао сака нов предизвик

Говорејќи околу еден од најдобрите напаѓачи во светот, Радамел Фалкао, претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Сересо, признава дека Фалкао има желба да се докажува во некоја од останатите европски лиги.

Колумбиецот во последно време константно е поврзуван со заминување од клубот и наводна преселба во англискиот премиерлигаш Челзи.

Претседателот на Атлетико Мадрид е свесен дека Фалкао има голема желба да заигра во друга лига, односно дека е спремен за нов предизвик во својата кариера.

„Фалкао постојано ми говори дека е среќен во клубот и дека сака да го испочитува договорот што го има, но исто така потенцира дека еден ден, не знаеме кога, навистина би сакал да заигра во некоја од другите лиги“ изјави претседателот на Атлетико Мадрид.

Пронајдете не на следниве мрежи: