Депардје доживеа сообраќајка возејќи скутер

Славниот француски актер Жерар Депардје во четвртокот предизвикал мала сообраќајна несреќа во Париз, јавуваат француски медиуми.

Инцидентот се случи во 17-от арондисман на плоштадот генерал Катру. По несреќата актерот бил подложен на тест за присуство на алкохол во крвта, кој бил позитивен. Според полициски извори, причината за несреќата не бил судир со друг учесник во сообраќајот.
Ова не е прв ваков инцидент Жерар Депардје. Во август годинава, исто така возејќи скутер на една  од главните улици во Париз, актерот се судри со автомобил, и тогаш меѓу него и возачот на автомобилот изби тепачка. Подоцна возачот го тужеше Депардје за нанесени повреди.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: