Дневен хороскоп – 30.11.2012

 

Дневен хороскоп за 30.11.2012 – петок.

 

Овен
Денес одеднаш станувате свесни за сопствените вредности. Благодарејќи на тоа, наредните месеци ќе бидете експедитивни и ќе имате добри ставови. Главната преокупација ќе биде исклучиво остварување на себичните интереси што ќе и пречи на околината.

Бик
Ги анализирате туѓите проблеми и се грижите за туѓите работи. Иако сте комуникативни, сакате да бидете сами, така што го бирате вистинскиот момент кога треба да се извлечете. Музиката, книгата, весникот – ви помагаат на моменти да се наполните со позитивна енергија.

Близнаци
Односите со околината се базираат на искреност и доверба, сите ситуации што не се адекватни одбегнувајте ти. Доста ви е од лаги и измами. Некои работи ги сработувате пред очите на јавноста, но не нервирајте се – ќе бидете забележани. Доколку водите судски спор можен е застој.

Рак
Се грижите за тоа да не ви се случи скандал за којшто не сте директно виновни, а во кој може некој да ве вовлече поради сопственото невнимание. Пред вас е ден полн со интересни средби и конкретни акции. Ќе бидете задоволни не само со остварените резултати туку и со самите себе.

Лав
Пожелно е да бидете доследни. Не правете компромиси, поради нив можете да имате проблеми. Влеговте во период одличен за работа. Надевајте се на унапредување или на промена на статусот. Нека не ве изненадат проблемите, бидејќи секогаш ги имате на тони.

Девица
Одличен ден за комуникации. Изберете обврски кои се во врска со комуникации и ќе успеете. Обидете се да ги елиминирате грижите барем за момент. Поради проблемите сте премногу нервозни, а не сте во можност да ги решите. Можни се стомачни проблеми поради неправилна исхрана.

Вага
Ги цените наштата што ви носат исклучиво практични резултати. Секогаш сте широки, па парите како да ви се лизгаат низ рацете. Почнавте да претерувате, морате да се вразумите и да се свртите кон подлабоката смисла на животот. 

Скорпија
Наредните денови се успешни за финансиски трансакции. Потребна ви е нечија поддршка во сето тоа за да истраете, а ползата ќе биде повеќекратна. Тежината на нешто што има огромно значење за вас може да ве погоди. Избегнувајте кавги, консумирање цигари и алкохол.

Стрелец
Планирате патување. Сепак, за патот повеќе фантазирате, бидејќи не можете да го реализирате. Кога би се спуштиле на земја, веројатно, не би биле припадник на овој сонувачки знак. Но, има и тоа како приземни Стрелци. Овие поклоници на материјалните вредности цврсто стојат на земја.

Јарец
Одличен ден да играте на берза доколку имате таква можност. Ја имате поддршката на планетите. Благодарејќи на креативното размислување ве очекува успех на сите полиња каде што треба фантазија. На емотивен план ситуацијата по подолг период се подобрува. Не избегнувајте ги Скорпијата и Близнакот.

Водолија
Доста време поминувате надвор од домот, па сакате да ја почувствувате релаксираната семејна атмосфера. Настојувате желбата некако да ја спроведете во дело. Доколку размислувате за промена на живеалиштето, овој месец е поволен за такви активности.

Риби
Практичната црта на карактерот стапува на сцена. Не претерувајте со работата. Сакате да бидете ангажирани на повеќе страни. Сакате да работите неколку работи истовремено. Доколку имате здравствени проблеми, тие се од психосоматска природа.

Пронајдете не на следниве мрежи: