Имале секс на плажа, па за малку ќе задушеле фока со тангата

На Нов Зеланд е пронајдена фока со црвена танга заврзана околу вратот. Фоката лесно можела да се задуши. 

Еден од минувачите случајно приметил тажно младенче како се бори со нешто околу вратот, па поради загриженост се јавил на Одделението за сочувувување на природата. На тимот кој дошол до малата фока која се наоѓала на карпа висока 230 метри му требал еден час да ја ослободи од долниот веш. 

Животинката сега е потполно опоравена и ќе си го продолжи животот без никакви последици. 

Местото на кое била пронајдена фоката е популарно шеталиште и место за планинарење, а овде често знаат да се најдат разни животински видови, вклучително и фоки. 

Мали биле шансите да се пронајде сопственикот на долниот веш, па Одделението за сочувување на природата ги продало гаќичките на аукција за 135 долари. 

Пронајдете не на следниве мрежи: