Серија А: Градско дерби во Торино

Loading...

Сезоната во италијанската Серија А продолжува со натпреварите од 15-то коло, дербито ќе го одиграат градските ривали Јувентус и Торино.

Актуелниот првак во Серија А, Јувентус е мал пад на формата, екипата на последните пет натпревари заблежа два порази, Торино, ќе има голем мотив против градскиот ривал, бидејќи против ‘старата дама’ немаат победа цели 17 години.
Колото, во петок, ќе го отворат Катанија и Милан, екипи кои имаат идентичен скор на последните пет средби (два победи, пораз и две нерешени).
Наполи и Интер, очекуваат евентуален кикс на Јуве во дербито, со што би ја намалиле разликата на табелата, бидејќи се големи фаворити против опонентите Пескара, односно Палермо.
Кикс на Јувентус очекува и Фиорентина, која игра во извонредна форма, екипата на Монтела нема пораз на последните девет натпревари, а во ова коло ќе ја пречека Сампдорија.

Петок, 30.ноември:

Катанија-Милан

Сабота, 1.декември:

Јувентус-Торини

Недела, 2.декември:

Наполи-Пескара

Болоња-Аталанта

Џенова-Киево

Интер-Палермо

Лацио-Парма

Сиена-Рома

Удинезе-Каљари

Фиорентина-Сампдорија

Табела: Јувентус 32, Наполи 30, Фиорентина и Интер 28, Лацио 26, Рома 23…

Макфакс

loading...
Loading...