Мистериозни кругови пронајдени на дното на океанот!

Според наодите на американската Национална Океанска и Атмосферска организација, помалку од 5% од светските океански длабочини се истражени, што значи дека – ја знаете математиката – 95% од нештата кои лежат на дното на морињата и океаните никогаш не се видени со човечко око. 

Една личност го посветила целиот живот на откривање на мистериите кои лежат во длабочините околу јапонските брегови. Фотографот Јоџи Оката добил дозвола за нуркање кога имал 21 година, па последните 50 години ги поминал истражувајќи и документирајќи се на што налетувал. 

Неодамна, додека нуркал во близина на Амами Ошиме на југот на својата прекрасна зеја, Оката налетал на нешто што никогаш претходно не видел во животот – нацртани геометриски шеми со дијаметар од преку 2 метра, на длабочина од 25 метри. 

Кога се вратил со колегите и ТВ екипата, заедно дошле до неверојатно откритие. 

Погледнете кој е таинствениот уметник:

За што се работи? Рибата која ја гледате е всушност “виновникот” за овие прекрасни дела. Зошто рибата го прави ова? Се додворува. 

Имено, мажјаците меѓу овие риби на овој начин ги привлекуваат женките, кои имаат истенчен вкус кога станува збор за овие ремек-дела. Колку се покомплексни круговите, толку е поголема веројатноста дека ќе дојде до парење. 

Кога доаѓа до парење, женката го положува јајцето во центарот на кругот. Неверојатно! 

Сега, запрашајте се, ако во 2012 година откриваме нешто толку импресивно, а знаеме дека 95% од дното на океанот не се истражени, замислете што уште чека да биде откриено! 

Пронајдете не на следниве мрежи: