Северина во проѕирен фустан на свеченоста на Helo! во Србија

Loading...

Деновиве во Блеград, втора година по ред, се одржа доделување на “Наградата за човек на годината” според српскиот магазин Hello!. На свеченоста присуствуваа голем број звучни имиња од Балканот, како Здравко Чолиќ, Светлана Ражњатовиќ – Цеца, Жељко Митровиќ, Владе Дивац, Горан Милиќ и слично… 

 

Но здивот на сите присутни им го зеде хрватската музичка ѕвезда Северина. Ова е нејзиниото прво официјално појавување во Белград по разделбата со Милан Поповиќ. Северина дефинитивно знае како да биде во центарот на вниманието и во Србија, и затоа за оваа прилика таа се појави во прекрасен проѕирен фустан. Таа беше една од 22 лауреати кои според читателите на Helo! заслужи една од наградите.

 

Добитниците на нагрaдите не беа поделени во категории, туку се бираа според нивното појавување на филмската, музичката, модната и културната сцена но и според нивните хуманитарни активности и медиумски настапи. Кога ја прими наградата, прекрасната Северина го изјави следново: “Мојот најголем успех вечерва е тоа што не паднав по скалите во овој долг фустан. Мило ми е што уметноста не спојува!”

 

 

 

 

loading...