Сексуално се задоволувал со јагула – хирурзите морале да му ја вадат на операција

Бизарна сексуална игра можела скапо да чини некој човек од Нов Зеланд, откако тој завршил на итна помош во Окланд. 

Пациентот, чиј идентитет останал заштитен, се обидел во својот анус да стави јагула со која сакал да се задоволи. Меѓутоа, откако ја ставил, повеќе не можел да ја извади. 

Доказ дека не станува збор за измислица е и изјавата на портпаролот на болницата, Мет Роџерс, додека новинарите дознале уште некои интересни факти. 

“Докторите и медицинските сестри многу пати се среќавале со луѓе кои во себе ставале секакви необични предмети, но ова е прв пат да 'уловиме' јагула.” – пишуваат локалните весници. 

Пациентот во меѓувреме е пуштен од болница, а весниците не ја наведоа судбината на несреќната риба. 

Пронајдете не на следниве мрежи: