Линдзи Лохан претепа девојка во ноќен клуб

Според пишувањата на таблоидот ТМЗ, Линдзи Лохан се скарала со една девојка што седела на сепаре до нејзиното во ноќниот клуб Club Avenue. Дошло и до физичка пресметка меѓу двете девојки, а полицијата била повикана кога девојката ја обвинила Линдзи на напад.

 

Младата актерка и пејачка била уапсена веднаш по доаѓањето на полицијата. Наводно таа и се заканувала на девојката пред конечно да ја нападне. Други детали се уште нема во јавноста, но она што се знае е дека Линдзи може да се најде во големи проблеми. Имено, таа веќе неколку пати беше во затвор, а против неа пред само неколку дена беше покренато обвинение за лажење на полицајци. Таа беше фатена како пребрзо вози во Лос Анџелес, но на полицајците им кажа дека не возела таа, туку некој друг, а дека таа седела на совозачкото седиште.

 

Поради инцидентот на автопатот и во ноќниот клуб, Линдзи веројатно повторно ќе заврши на суд. Судот ќе треба да и одреди уште една казна на оваа ѕвезда која веќе со години има проблеми со почитување на законот. 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: