Запознајте ја Кјара; мешавина на лав и тигар

Малата Кјара родена во Нов Сибир, на која и посакуваме се најдобро, живее во семејна куќа, а се храни од домашна мачка.Борците за правата на животните предупредуваат дека хибридните животни патат и ретко кое преживува, така да ваквото креирање на животни е многу неодговорно.

 

Кјара е една занимлива мачка, нејзиниот татко е африкански лав, а мајката е лигар (хибрид на лав и тигар). Се смета дека Кјара, која е родена во руска зоолошка, е првиот лилигар на светот.

За да биде се многу поинтересно, наводно Кјара бидејќи е сеуште мала цица млеко од домашна мачка, бидејќи нејзината мајка нема доволно млеко за неа.

Ваквото хибридно прекрстување на гените е крајно неодговорно според борците за права на животните. Тие сметаат дека ваквите експерименти, речиси никогаш не се успешни. Нивниот краток живот е полн со болки и измачувања…

Пронајдете не на следниве мрежи: