Фото: Дете со 26 прсти – родителите се горди

Момчето Арпан Саксена (4) од Индија, е роден со ретко генерско пореметување. Имено, тој на рацете и нозете има вкупно 26 прсти, а еден од нив го изгуби во несреќа пред неколку месеци. Поради овој редок феномен, дел од прстите на рацете му се споени.

Момчето кое има 12 прсти на рацете и 13 на нозете е вистинска ѕвезда во неговиот роден град Фопалу. “Се радувам кога ќе дојдат луѓе да ме постетат и фотографиираат. Единствено ми е тешко што не можам долго да се движам и пешачам поради тоа што моите стопала одвај се собираат во било какви чевли, и тоа ми создава болка.” – изјави малиот Арпан.

Родителите на Арпан го потврдија случајот и изјавија: “Бевме многу зачудени кога го видовме Арпан по раѓањето. Никогаш не сме виделе некој со толку многу прсти”.

Постои операција со која ќе може лесно да се реши овој проблем, па дури и им беше понудена финансиска помош за неа, но неговите родители ја одбија. Тие рекоа дека сон на секој родител е да биде познат по неговот дете. Арпан е вистинска ѕвезда во Фопалу, тие се горди на тоа и не сакаат да го менуваат тој факт.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: