Името на вашиот љубовник го открива неговиот сексуален нагон

Каков секс сака вашиот партнер, момче, швалер? Со помош на неговото име и едноставна математика проверите дали вашиот сексуален партнер се совпаѓа со карактеристиките или пак откријте каков е доколку се уште се немате подобро запознаено…

Прво запишете ги сите самогласки од името на вашиот партнер. Потоа на секоја самогласка додадете и го соодветниот број  и соберете ги. Ако добиете двоцифрен број, повторно соберете ги неговите цифри, така да добиете само една цифра.

 

А – 1

Е – 5

И – 9

О – 6

У – 3

Пример: АЛЕКСАНДАР = А-1 + Е-5 + А-1 + А-1 = 8

Еден

Тој е доста паметен маж, но оди ретко е расположен за секс. „Уморен сум,” „Јас имав тежок ден на работа!”, „Сега не можам!” се дел од речениците што ќе ви ги каже. Околу него, навистина треба да се потрудите, сè додека конечно се согласи да има секс. Кога тоа конечно ќе се случи, тој ќе биде исклучително нежен и страствен љубовник.

Два

Овој човек не е совршен љубовник. Поточно, тој не му е ни до малиот прст на совршениот љубовник. Може да биде мошне досаден и претерано да се фали, но ништо од кажаното да не исполни. Затоа помогнете му подобро да се пронајде себе си и да научи нешто повеќе за страста и задоволството.

Три

Маж кој сака жесток секс. Но, во исто време обрнува внимание и на желбите на неговите партнерки. Подготвен е да направи романтична атмосфера и да и се посвети на жената со која е. Сепак, неговото однесување не е воопшто спонтано. По неколку недели поминати со него, ќе имате чувство дека се е претходно планирано и наскоро ќе ви се смачи.

Четири

Со овој човек може да го имате прекрасен секс – но само доколку имате исти интереси и желби како неговите. Тој никогаш не вели не. Но, ова не значи дека бев врска ќе се фрли врз вас само затоа што сакате секс. Прво му е потребна масажа или пак сака специфични секс позиции. Ако тоа не ви се допаѓа, тешко вас.

Пет

Многу шармантен човек. Тој ги знае вашите тајни желби и знае како да ве доведе до лудило. Понекогаш погледот е доволен за да ве направи среќни. Сепак, не е дозволено да го прашате каде го научил сето тоа бидејќи ќе се навреди.

Шест

Број 6 е бројот на ѓаволот, па овој маж има нешто животинско во него. Кога ќе започне нема да бидете во можност да го спречите неговиот надојден нагон. Ако сакате да доживеете неверојатна среќа, интензивни емоции и страст ова е човекот за вас.

Седум

Ниту еден човек нема да покаже повеќе чувства од овој. Тој знае како да ги слуша своите партнерки па токму поради тоа е внимателен и многу нежен љубовник. Сака да слуша романтична музика, и да ужива со “сите сетила.”

Осум

Осум е број на бесконечноста па овој човек не знае кога е доста. Тој сака уште секс, и се интензивно. Ако го сакате тоа тогаш одлично, но ако не можете да го издржите темпото ќе морате да најдете друг начин да му ги стимулирате сетилата.

Девет

Бројот девет симболизира и враќање во дивината. Кога овој човек покажува страст, ќе се чувствувате како да сте влегле во сосема поинаков свет. Тој има секс во крвта и знае како да заведе. Единствениот проблем е тоа што тој нема ништо друго на ум.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: