Кој ужива најмногу во сексот, мажите или жените?

Мажите повеќе уживаат од жените?Да, процентуално било докажано дека мaжите повеќе уживаат во сексот поради тоа што се опуштени и не се грижат за ништо. Жените се друга приказна, ситуацијата е значително поразлична, тие не може потполно да се опуштат за време на сексуалниот однос, посебно ако се на почеток во врската…

Секогаш се грижат за својот изглед и се плашат дека партнерот ги забележува и нивните најситни недостатоци. Меѓутоа, од машка перспектива, се изгледа поразлично.

Го обожуваат и своето и вашето меѓуножје

За разлика од жените, мажите со своето меѓуножје имаат близок однос и уживаат во него. Сметаат дека се убави односно дека се е како што би требало да биде. Кај жените приказната е сосема различна па мажите многу често не може да сфатат зошто таа не сака да ги симне гаќичките. Мажот не може да го прифати како доволен фактот дека вие не сте депилирани, па не треба да имате секс поради тоа.

Се возбудуваат од деталите

Жените понекогаш прилично долго се подготвуваат и средуваат за да го возбудат својот маж, кој пак иронично, повеќе ќе се возбуди на некои детали на кои вие нема ниту да помислите. На пример, седите заедно на каучот, вие сте во „домашно издание“, се навалувате и случајно го откривате рамото. Во тој момент неговата сексуалност започнува да се буди, а вие воопшто нема да имате поим што го предизвикало тоа.

Секогаш расположени за секс

За разлика од жените, мажите сметаат дека секогаш се подготвени за секс како и дека за оваа активност не мора да одат на висински припреми во Вал Д’Изер или пак на психолог. Жената од друга страна нема да се впушти во сексуален чин ако се плаши дека се испотила или не е тазе депилирана. Мажите немаат такви проблеми и нема да им биде проблем да легнат со вас после целиот работен ден и пивото после работа кое го пиеле со екипата. Тие не се оптоваруваат со деталите и се препуштаат на возбудувањето.

Прифаќаат помош 

Кога „ќе го опчекорите“ на препад, на неговиот пенис можеби ќе му треба малку повеќе внимание и топла прегратка за да биде подготвен за сето она што вие го сакате. На мажите не им е проблем да покажат дека не се потполно подготвени за секс и дека вашата асистенција би била добредојдена. Жените пак се впуштаат во однос дури и кога не се возбудени, а би требало повеќе да се угледаат на мажите и да побараат партнерска помош кога ќе им е потребна.

Потполно уживаат во сексот

Неверојатно е за што се размислуваат жените за време на сексот. Дали сум дебела, како ми изгледа стомакот, дали ми се гледа целулитот… Ова се само некои од прашањата кои се мотаат по женските глави. Кај мажите ситуацијата е потполно различна. Мажот потполно се опушта и ужива, не размислувајќи за ништо друго освен за уживањето. Жените би требало да го прифатат ваквото однесување, бидејќи факт е дека мажите во моментите на страст не забележуваат ништо од оние работи за кои жените размислуваат.

Мажи и жени, најважно е да уживате во сексот…

 

Пронајдете не на следниве мрежи: