Иван Ивановиќ и Нина Бадриќ во врска

Во последно време актуелни се врските помеѓу ѕвездите хрватици и познатите срби. По веќе легендарните Северина и Милан Поповиќ, до Николина Пишек и Видоје Ристовиќ, на ред дојде љубовна врска помеѓу хрватската пејачка Нина Бадриќ (40) и српскиот водител и шоумен Иван Ивановиќ (37).

Се верува дека тие ја почнале нивната врска кога бракот на Нина беше пред самиот крај. Со оглед на тоа што живеат во различни држави, нивните средби се отежнати и ретки, но тие ја одржуваат својата врска на далечина. Нивните пријатели велат дека врската почнала непосредно по гостувањето на Нина во емисијата на Иван. “Не сакаат да се дознае за нивната врска бидејќи и двајцата се познати личности. Но секој слободен момент го користат за да бидат заедно. Летово летуваа заедно во Хрватска а Нина се почесто доаѓа во Белград.” – изјави пријател близок на парот за магазинот Alo. “Во јавноста се пуштија гласини дека нивната афера била причина за разводот на Нина, но тоа сега не е важно. Важно е дека тие се заедно и дека се многу заљубени и среќни.” – додаде изворот.

Тие често се допишуваат на друштвената мрежа Твитер. Иван во неколку наврати не пропушти да каже дека хрватската пејачка му е многу драга, а пред две недели кажа дека не му е воопшѕо тешко да седне во автомобил и да отпатува во Загреб само за да присуствува на нејзиниот концерт. Српските новинари постојано се обидуваат да добијат изјава од Иван и Нина за нивната врска, но Иван не одговара на својот телефон.

Пронајдете не на следниве мрежи: