Дует на Северина и Жељко Бебек

Како што веќе ве информиравме, хрватската пејачка Северина направи бум на доделувањето на наградите “личност на годината” на магазинот Hello.

Уште кога се појави на гала вечерта ја обиколија десетици српски новинари со цел да дознаат нешто повеќе за моменталните случувања во нејзиниот живот.

Таа откри дека снимила дует со Жељко Бебек кој ќе се најде на нејзиниот најнов албум: “Dobrodosao u klub”. Таа додаде дека ќе се задржи во српската престолнина некој период.

Новинарите веднаш почнаа со лавина прашања дали ќе го продолжи својот престој поради Милан Поповиќ, но таа само се насмевна и одговори: “Ќе останам за да наминам “кај Локи” на плескавица.”

Пронајдете не на следниве мрежи: