Вистински примери за најлошите први состаноци

Првиот состанок секогаш би ви предизвикал стрес, но следните неколку состаноци се примери кои го добија и своето медиумско внимание.

Кажи дека си ми дечко, или ќе те избодам со нож

Ефрен Молин и Џулијан Мартон од Флорида, го имаа задоволството да имаат прилично нормален прв состанок се до моментот на неконтролираното однесување од страна на Џулија

Имено по кратката вечера двојката се упатила кон домот на Џулијан пришто по одбивањето од страна на Ефрен да каже дека Џулијан е негова девојка, тој се соочил со заканувачки предупредувања дека ќе биде убиен со неколку убоди од нож. За среќа на овој млад дечко, тој навреме успеал да ја совлада младата девојка, притоа повикувајќи полиција, кадешто оваа млада девојка моментално наместо својот втор состанок, ја очекува конечната пресуда за кривичното дело обид за убиство.

Те водам на ручек, а потоа ќе ти го ограбам станот

Кели Галбратин со сигурност нема никогаш да си го прости оној момент кога се согласила да излезе на состанок со непознатиот дечко Антони Малдан. Имено додека оваа девојка била на ручек со именуваниот дечко, неговиот пријател ја искористил шансата притоа ограбувајќи го станот на малдата Кели, а Антони како вистински џентлмен, го украл и нејзиниот мобиле притоа оставајќи ја да ја плати сметката за изедениот ручек.

Само префрли ме на брзина

Леа Гибс ја имала приликата да го запознае младото момче Адам Минтон преку најголемата друштвена мрежа Facebook. Па затоа и наместо романтична прошетка со автомобилот низ градот, Адам при застанувањето покрај една од локалните продавници ја искористир приликата притоа ограбувајќи ја продавницата, а притоа присилувајќи ја младата девојка Леа да го префрли на безбедно место што подалеку од местото на злосторството. Вистинска романтика, нема што!

Навистина “брз” состанок

Кога би помислиле на познатите состаноци на слепо, сигурно помислувате на незгодната тишина, недостатокот од теми за разговор како и привлечност, но не и на полициска потера. Неименувана девојка преку својот близок пријател ја имала можноста да го запознае Адам Чилдс, кој навидум изгледал како фино и претставително момче. Но, по неговата одлука и понуда младата девојка да ја повози со неговиот мотор, наместо прекрасна прошетка со моторот, оваа девојка се соочила со лудак кој започнал да вози со се поголема брзина, притоа возејќи и поминувајќи на црвено, за да на крајот доживее и полициска потера.

Извор: index.hr

Пронајдете не на следниве мрежи: