Роналдињо: Пресреќен сум во Атлетико

Роналдињо и дефинитивно уште година дена ќе игра во дресот на екипата на Атлетико Минеиро.

На прес-конференцијата за новинарите, одличниот бразилец не го криеше своето задоволство во екипата на Атлетико.

Претседателот на клубот на својот „Твитер“ профил објави дека Атлетико успеал да го продолжи договорот со Роналдињо.

Роналдињо оваа сезона дојде во клубот по спорот со Фламенго околу платата, а на 31 натпревар успеа да постигне 9 погодоци за овој тим.

„Од моментот кога дојдов во тимот бев прифатен одлично и се чувствувам навистина одлично. Имам одлични односи со сите во клубот. Претседателот, соиграчите, стручниот штаб, а посебно сум презадоволен од односот на навивачите кон мене, дефинитивно тие се еден од клучните фактори за мојата одлука да го продолжам договорот на уште година дена“ изјави Роналдињо.

Пронајдете не на следниве мрежи: