ПСЖ ќе го ангажира Лихштајнер

Швајцарецот е пред заминување од екипата на Јувентус, а како најсериозен кандидат за неговите услуги е екипата на Париз Сент Жермен.

Парис Сент Жермен летото сакаше да го ангажира Лихштајнер но Јувентус не сакаше ниту да преговара. Иако се споменуваше сума од околу 15 милиони евра, Антонио Конте стави „вето“ на заминувањето на Лихштајнер.

Сепак, швајцарецот не е стандарден во екипата на Јувентус, па веќе италијанските медиуми на големо ја пренесуваат шпекулацијата дека наводно би преминал во јануари во француски Парис Сент Жермен.

Пронајдете не на следниве мрежи: