Дефо сака да заигра со Бекам

Искусниот напаѓач на екипата на Тотенхем би сакал да му се придружи сонародникот Дејвид Бекам кој за неколку денови го напушта тимот на ЛА Галакси.

Џермејн Дефо вели дека би сакал да игра во друштво со Дејвид Бекам, Дефо потенцира дека Бекам би добил големо добредојде во Тотенхем.

Лондонскиот клуб веќе во повеќе наврати се обиде да го доведе искусниот Дејвид Бекам во своите редови минатата зима и тренираше со Тотенхем.

Дефо се надева дека прославениот англичанец би можел да одлучи да заигра за друг англиски тим, освен Манчестер Јунајтед.

„Бекам е одличен фудбалер, неверојатен фудбалер, сите во Тотенхем би сакале да го видат во овој тим“ изјави Дефо.

Пронајдете не на следниве мрежи: