Тренерот на Наполи, Валтер Мацари, уште еднаш го испофали Горан Пандев по серијата одлични настапи на подготвителните натпревари.
Пандев ја помина минатата сезона во Наполи како отстапен играч од Интер и неговите игри го убедија тренерот дека е доволно добар да го откупи неговиот договор од “нераѕурите”. Како што наближува новата сезона, Мацари призна дека е импресиониран од македонскиот репрезентативец.
– Веќе кажав се што имаше да се каже за Пандев. Многу сум среќен кога го гледам како игра на ова ниво – кажа тренерот на “партенопеј” за “Газета дело спорт”.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.