Слика од прстенот – Ријана и Крис Браун се верија?

Пејачката од Барбадос последниве неколку дена е многу активна на твитер. Ријана не пропушта шанса да обележи било каков момент од нејзиниот приватен живот токму преку оваа социјална мрежа.

Пред неколку дена таа почна да објавува слики од неа и нејзиниото момче Крис Браун. На фотографиите тие се заедно и делат интимни моменти бакнувајќи се. Како што сите знаеме, раперот Крис Браун, пред 3 години брутално ја истепа Ријана, оставајќи ја со модринки и отоци по лицето. Таа не му прости и веднаш по овој настан тие раскинаа. Но пред некое време актуелно беше нивното смирување, што наиде на лавина рекации во јавноста. Сепак, Ријана не сакаше ниту да потврди ниту да демантира за нејзината обновена врска со Крис Браун, туку едноставно ги објави овие фотографии.

Неколку дена подоцна, повторно на твитер, со наслов #dopedealer Ријана објави фотографија од златен ролекс, идентичен како оној на раперот, велејќи дека е поклон. 

Но она што најмногу ја заинтересира јавноста беше објавувањето токму на сликата на која дел од нејзиниот задник, исцртан со тетоважи, го прекрива раката на пејачката на кој се наоѓа нов дијамантски прстен. Оваа фотографија го носи истиот наслов – #dopedealer. Фановите веќе се убедени дека пејачката е верена, а сега останува само таа да го потврди тоа со зборови, на твитер, секако.

Пронајдете не на следниве мрежи: