Дејвид Бекам ќе купува фудбалски клуб

Познатиот фудбалер речиси целиот живот го поминува во светот на фудбалот.

И додека многумина му предвидуваа крај на кариерата, тој реши да не си замине толку лесно од фудбалските терени.

Тој неодамна објави во јавноста дека си заминува од клубот Лос Анџелес Галакси, но тоа никако не значи дека ќе се повлече од светот на фудбалот. “Кога дојдов во овој клуб пред шест години, имав за цел да го доведам клубот на некое друго ниво. Сега, кога си заминувам, целта останува иста. Можеби нема да го направам тоа како играч, но тогаш дефинитивно ќе го напрвам како газда на клубот” – изјави англискиот срцекршач кој деновиве се враќа во Лондон со својата сопруга и четирите деца.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: