Порно глумиците не се оштетена роба – тие се среќни и полни со самодоверба

Loading...

Иако меѓу луѓето постои класично убедување дека луѓето од порно индустријата, а посебно порно глумиците се на некој начин оштетена роба, последното истражување на магазинот The Journal објави дека напротив, порно глумиците имаат позитивен поглед кон светот, повеќе самодоверба од обичната жена и подобра перцепција за своето тело.

Сите имаме слушнато за теориите дека девојките кои глумат во порно филмовите биле злоупотребувани во детството, но и тоа се покажа како неточно. Исто така, теоријата дека лошата околина, сиромаштијата и дрогата ги тера девојките да пребегнат во порно индустријата падна во вода. Порно глумиците не се ништо помалку психички стабилни од другите жени и девојки. Истражувањето беше спорведено над 177 возрасни порно актерки кои се во оваа индустрија најмалку 4 години.

Една третина од нив се во брак или во сериозна врска. Нивната самодоверба е на одлично ниво, и тие се доста задовлни од своите тела, повеќе од другите жени. Со оглед на сите балгодети што им ги носи професијата, тие имаат поквалитетен сон и се полни со енергија. Седумдесет проценти од нив се задоволни со својот сексуален живот и би ја дефинирале својата сексуалност како бисексулана.

Тие, во просек, првпат се впуштаат во полови односи на возраст околу 15 години, што е малку порано од другите жени. Кога се во прашање наркотиците и дрогата, истажувањето покажало дека не се многу развиени во оваа индустрија, за разлика од другите индустриски гранки за забава.

 

 

loading...