Северина даде зелено светло – Милан Поповиќ конечно го виде својот син

Како што веќе знаеме, хрватската пејачка Северина деновиве се наоѓа во Белград. Таа отпатува во српската престолнина првпат по раскинувањето со Милан. Целта на нејзината посета беше доделувањето на наградите “Личност на годината” на магазинот Hello. 

На самата церемонија, новинарите се обидоа да извлечат од неа дали ќе се сретне со Милан и дали е токму тој причината поради која таа ќе го продолжи својот престој во Белград.

Таа слатко и на свој начин ги заобиколи овие прашања, но сепак во јавноста излезе информацијата дека попладнето пред забавата на магазинот, Милан Поповиќ дошол до хотелот каде била сместена неговата поранешна вереница, и конечно го видел својот наследник, Александар.

Тој го поминал целиот ден со него, за првпат, по 3 месеци. Нивното последно гледање беше во август, кога Севе, Милан и Александар заедно летуваа на Јадранот. Милан пропушти цели три месеци од растењето на неговото прво и засега единствено дете, а ги пропушти и неговите први зборови.

Дали оваа средба на некој начин значи смирување на двете страни, и шанса Александар да расте и со својот татко, останува да видиме.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: