Две лондонски дерби средби во Премиер лигата

Лондонските дерби средби ќе ги одбележат натпреварите од 15-то коло во англиската Премиер лига.

Челзи, кој веќе шест натпревари во првенството не знае за победа, ќе гостува кај Вест Хем, кој во минатото коло минимално загуби од Манчестер Јунајтед.
Фулам ќе го пречека Тотенхем кој се наоѓа во серија од две победи, меѓу кои и онаа во дербито со Ливерпул.
Што се однесува до лидерската двојка, Манчестер Сити е има тешка задача против Евертон, додека Манчестер Јунајтед е голем фаворит во дуелот со Ридинг.
Сабота, 1.декември:

Вест Хем-Челзи
Арсенал-Свонси
Фулам-Тотенхем
Ливерпул-Саутемптон
Манчестер Сити-Евертон
КПР-Астон Вила
ВБА-Стоук

Ридинг-Манчестер Јунајтед
Недела, 2.декември:
Норич-Сандерленд
Колото в понеделник ќе биде комплетирано со натпреварот помеѓу Њукасл и Виган.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: