Манчини: Насри, разбуди се!

Тренерот на Манчестер Сити изјави дека очекува многу повеќе од Самир Насри, кој се враќа на натпреварите по повредата.
Роберто Манчини сеуште ја чека долго-посакуваната форма на Насри откако се пресели во овој тим, по одличните настапи во тимот на Арсенал.
„Мислам дека тој може многу повеќе. Одигра некои натпревари одлично откако стигна во нашиот тим, но тоа не е доволно, барем не засега. По мое мислење тој е играч од светска класа кој прави вистинска разлика“ изјави Манчини.
На досегашните 60 настапи за Сити, Насри постигна 9 голови.

Пронајдете не на следниве мрежи: